Реакција

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лаже, реформите во здравството не се на штета на граѓаните

Очигледни се фрустрациите и незадоволството во ВМРО-ДПМНЕ по поразот на изборите, на кои граѓаните им кажаа „не” на нивните политики, реагира СДСМ на изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Очаен е обидот на ВМРО-ДПМНЕ да манипулира со граѓаните, здравствените работници и пациентите дека формирањето на јавното приватно партнерство за менаџирање на стерилизацијата ќе биде на нивна штета.

Вистинита е токму спротивна, промената од досегашниот модел на функционирање и преминот кон јавно приватно партнерство нема директно да ги засега пациентите во поглед на финансии, односно пациентите нема да имаат дополнителни трошоци.

ВМРО ДПМНЕ лаже дека ќе има отпуштања од работа на моментално вработените, напротив, не само што ќе нема, туку предвидени се нови, дополнителни вработувања, со плати на повисоко ниво до досегашното”, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата велат дека се очајни обидите на ВМРО-ДПМНЕ, реформите и унапредувањето на здравството да ги прикаже дека се на штета на граѓаните. 

„Серија на вакви и слични прес-конференции полни со невистини за јавните набавки во здравството ВМРО-ДПМНЕ објавуваше и во минатото, но на крајот институционално се потврдија како класични лажни вести.

Трошоците за стерилизација кои досега се издвојуваа од сметката на Фондот за Здравство и беа исплаќани на паушално ниво кон Болниците кои имаа потреба од стерилизација за хируршки интервенции, со воведувањето на принципот на јавно приватно партнерство ќе бидат оптимизирани и контролирани, по број на реализирани стeрилизации, обновена опрема, дезинфекција и потрошен материјал.

Квалитетот на опремата која ќе се користи ќе биде зголемен, а сегашната опрема која е стара предизвикува проблеми, истата ќе биде сменета со нова”, се додава во соопштението.

 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе