СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребуваше лустрацијата, затоа е против нејзино поништување

Блокирањето на Предлог законот за поништување на лустрацијата од страна на ВМРО-ДПМНЕ потврдува дека во оваа партија ништо не се променило.Христијан Мицкоски и дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ наместо оградување, се ставија во одбрана на бруталните злоупотреби на процесот на лустрација зад кои се криеше политичка и криминално мотивирана фамилија на режимот, соопшти утрово СДСМ.

„Наместо Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се дистанцираат од грешките и злоделата на Никола Груевски, напротив, тие ги штитат, бранат и ги чуваат.Уште еден доказ дека ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски е раководена од Груевски од Будимпешта. Тоа сѐ уште е истото нереформирано, режимско ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребуваше лустрацијата за политички, партиски и за лични цели. Тоа се потврди преку прислушуваните материјали, каде високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои Милошоски, Јанкулоска, Груевски си нарачуваа лустрациски процеси по желба.Бруталната пресметка со неистомислениците и кршење на законот за лустрацијата, кои свесно ги спроведуваше ВМРО-ДПМНЕ и фамилијата се срамни и недозволиви и таа неправда мора да се исправи“, пишува во партиското соопштение.

Од СДСМ додаваат дека новото решение што го предложиле значи отстранување на штетните последици по лицата кои беа жртви на овие постапки пред Комисијата за верификација на факти, пред надлежните судови и пред другите органи и за оштетените лица од наведените акти и дејствија, се предвидува надоместок на штета.

„На овој начин се заокружува правната рамка како стратешка цел на реформата во правосудството во однос на обезбедување на независноста и непристрасноста“, се додава во соопштението.

 

 

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе