СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребува сериозната здравствена ситуација за дневно-политички поени

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во време кога расте бројот на инфицирани со коронавирусот, а  болниците се полнат, продолжува да ја злоупотребува сериозната здравствена ситуација за дневно-политички поени. Од почетокот на корона кризата во земјата, од безидејното ВМРО-ДПМНЕ не видовме ништо друго освен неконструктивно делување, опструкции и критики, обвинува СДСМ.

„Во деструктивноста предничи тоа што заменичката министерка за финансии во техничката влада цело лето го кочеше заемот од Светска банка од 90 милиони, наменет за поддршка на здравствениот систем и подготовка на дополнителни болнички капацитети. Да не беа нивните блокади, досега болниците ќе беа подобро опремени и подготвени за есенскиот бран.

Цела есен, во време на сериозен бран на корона вирусот, раководството на ВМРО-ДПМНЕ организира масовни собири за спас на фотелјата на Христијан Мицкоски, на кои масовно се прекршуваат мерките за заштита од коронавирусот.

Колку на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски им е битно здравјето на граѓаните говори фактот што бараа предвремените избори да се одржат есенва, колку навистина се загрижени за коронавирусот, говори фактот што во Собранието ги опструираат измените на Законот за заштита на населението од заразни болести кои се потребни за зголемување на превенцијата од коронавирусот“, пишува во соопштението од СДСМ.

Оттаму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не знаат за ништо друго освен деструкција и дејствување спротивно на интересите и здравјето на граѓаните, па затоа, како што велат, „уште долго ќе останат во опозиција“.


Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе