СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја одведе државата и партијата во долгови, а бара мандат да управува со народните пари

ВМРО-ДПМНЕ е партија со долг од 8 милиони евра, а Христијан Мицкоски е стечаен управник на најнедомаќинската и најрасипничката партија, која 11 години ја пустошеше државата, ги задолжи и ги крадеше граѓаните, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„За време на режимот на Никола Груевски, шефот на Мицкоски, бруто надворешниот долг на државава се зголеми за над 5 милијарди евра, од 2,5 милијарди евра во 2006 година на 7,7 милијарди евра во првиот квартал од 2017 година.

Во истиот тој период, додека граѓаните осиромашуваа, ВМРО-ДПМНЕ изгради луксузен бел дворец, симбол на нивниот криминал и корупција, а сега опозициската партија има долг од 8 милиони евра.

Замислете, што би се случило кога овие недомаќини и расипници, извршителот Мицкоски и Груевски повторно би се доближиле до државниот буџет?! Колку нови милијарди евра би ја задолжиле државата за нивните криминални проекти? Затоа граѓаните на 12 април нема да дозволат нечесни и недомаќини кои не можат да ја менаџираат сопствената партија повторно да ја задолжуваат и ограбуваат на државата“, соопшти СДСМ.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе