Реакција

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Сваровски судството се симбол за пресметки со политички неистомисленици

Наместо Александар Николовски лажно да обвинува за наводни притисоци кон опозицијата, треба да се потсети како неговата ВМРО-ДПМНЕ и високи партиски и државни функционери со години преку „Сваровски" судството тужеа и осудуваа неистомисленици, новинари и функционери на СДСМ, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Николовски.

„ Тогашниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го тужеше претседателот на СДСМ Зоран Заев за клевета и навреда во случајот "Македонска банка" во 2014 година со прависолноста на пресуда со која Заев треба да плати 500.000 евра, за потоа во 2019 Груевски да ја повлече тужбата. Во 2008 Груевски го тужи Љубомир Фрчковски тогаш член на Дипломатски совет на СДСМ за клевета, а по само 3 рочишта, Фрчковски е осуден да плати оштета од 30.000 евра. Зоран Ставревски го тужи портпаролот Петре Шилегов за клевета во 2015 година за случај со германската компанија "Лудвиг Фајфер". Миле Јанакиевски го тужи Шилегов во 2015 година за клевета и бара оштета од 300.000 денари за случај со германската компанија "Лудвиг Фајфер" ,во 2015 година Гордана Јанкуловска го тужи Шилегов за клевета и навреда, што резултира со пресуда против Шилегов кој треба да и плати 200.000 денари оштета, Сашо Мијалков го тужи Макрадули за клевета, кој во 2012 година е осуден на парична казна од 8500 евра. Подоцна во 2018година Судот во Стразбур пресуди во корист на Макрадули, со што се докажа дека „Сваровски" судството работело по диктат на ВМРО-ДПМНЕ, во 2014 година, судот носи пресуда Игор Ивановски да и плати оштета од 300.000 денари на тогашната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, во следната 2015 година Елизабета Канческа-Милевска го тужи и портпаролот на СДСМ Петре Шилегов за клевета, ова се само дел од бројните примери на тужби, закани и притисоци од страна на функционери на ВМРО-ДПМНЕ против политички противници, кои беа секојдневие за време на режимот на Груевски", се вели во реакцијата на СДСМ.

Од таму додааат дека денес, за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ, слободата на говор и изразување се почитуваат и унапредуваат, но мора да има одговорност за секој за кој ќе се докаже дека свесно шири лаги, дезинформации и измислици.

Денес, законите важат за сите подеднакво, а судството носи одлуки независно и слободно низ траспарентни и законски утврдени постапки.

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе