Реакција

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со лаги и манипулации ја покриваат својата безидејност

Лаги, манипулации, неосновани обвинувања и ширење страв и паника се единствените политики на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Во овој тежок период за сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ единствено што знае да прави е да смислува деструктивни сценарија против доктори, против министри и други кои директно се вложуваат во решавање на кризата и прават се за да го заштитат здравјето на граѓаните, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Деманти добиваат од сите страни, граѓаните ги препознаваат нивните лаги, ООН ги демантира и ги обвинува дека лажат, а тие и понатаму со лажни вести сакаат да ја прикријат својата неспособност и безидејност.
Во обид да го минимизираат успехот на државата, деновиве ВМРО-ДПМНЕ ги таргетираше двете министерства клучни во макотрпната работа за денес нашата земја да биде членка на НАТО и да отпочне преговори со Европската Унија, а сега и клучни министерства во борбата против коронавирусот.
Со нивната смислена пропаганда отидоа до таму што сакаа граѓаните да им поверуваат дека двајцата министри, Радмила Шекеринска и Никола Димитров трошеле пари на патувања во време на светска пандемија и затворен аеродром. 
Но, ВМРО-ДПМНЕ забораваат дека Владата предводена од СДСМ сите трошоци на министрите јавно ги објавува, за разлика од нивната Влада која ги направи класифицирани и тие беа најголема тајна за граѓаните.
На ВМРО ДПМНЕ, на сеачите на страв и паника, ништо не им успева! Тие се поразени“, се вели во реакцијата на СДСМ.
 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе