СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски лицемерно глумат загриженост за здравјето на граѓаните

Додека СДСМ прави сѐ за заштита на здравјето на сите граѓани и додека здравствениот систем и здравствените работници се на првата борбена линија со коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски свесно и намерно ги кршат сите протоколи и мерки за заштита од вирусот и го доведуваат во опасност здравјето на граѓаните, обвинува СДСМ.

„За ВМРО-ДПМНЕ не се важни законите, не се важни мерките и забраните. Спротивно на сите правила и прописи, започнаа предвремена кампања со јавни собири на кои директно го загрозија здравјето на граѓаните. Не држеа дистанца, не носеа заштитни маски, се групираа и покрај тоа што се докажа дека таквите собири се опасни за ширење на вирусот. Тоа што го видовме на партискиот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Лисиче, кога и самиот Мицкоски учествуваше во масовен собир каде што имаше и физички поздравувања и не се држеше дистанца е уште еден показател за лажната грижа на Мицкоски за здравјето на граѓаните. Тој не се грижи ниту за здравјето на граѓаните, ниту за иднината на државата. Тој се грижи само за себе и своите привилегии. Затоа оди по теретани кога тоа е забрането, организира јавни собири на кои го загрозува здравјето на граѓаните, седи во делови на ресторани каде што не смее“, пишува во соопштението од СДСМ.

Од партијата дополнуваат дека ништо подобар не е ниту техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, кој со своето неработење и со изјавата дека нема да казнува поттикна масовно прекршување на мерките и забраните, со што ѝ наштети на државната стратегија за справување со коронавирусот.  

„Тоа се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Напладне глумат загриженост за јавното здравје, а попладне истото го загрозуваат со кршење на мерките и забраните“, велат од СДСМ.

 

 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе