СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го заглави Скопје како што 11 години беше заглавена државата

ВМРО-ДПМНЕ која ја предводи градската власт во Скопје целосно го заглави главниот град. Како што претходно 11 години ја заглави државата, така сега го блокира развојот на Град Скопје. Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ Скопје денес е парализиран град кој не може да ги извршува ниту најосновните функции, порачува СДСМ преку соопштение.

„Јавниот превоз е во колапс, приватните превозници штрајкуваат и не возат, а ЈСП тоне во долгови и сето тоа поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Данела Арсовска. Нема ниту еден нов проект, а намерно свесно не се продолжуваат проектите наследени од претходната градска власт предводена од СДСМ. Каде и да пипне ВМРО-ДПМНЕ прави хаос.

Од таквата неспособност и неодговорност на ВМРО-ДПМНЕ најголема штета трпат токму граѓаните на Скопје.

Градоначалничката Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ и нивната градска власт се најголемо разочарување за скопјани“, се вели во соопштението.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе