Реакција

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги вознемирува граѓаните со лажни вести, учебната година почнува со физичко присуство

Наместо да се занимаваат со креирање лажни вести и создавање несигурност кај граѓаните по однос на подготвеноста на институциите на системот и училиштата за организацијата на учебната година, би било добро ВМРО-ДПМНЕ конечно да покаже капацитет и да се вклучи во процесите во интерес на учениците и обезбедувањето на непречена едукација во услови на пандемија, реагира СДСМ на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако барем ги читаат вистинските информации и официјалните соопштенија ќе знаеја дека Владата веќе има одлука за старт на учебната година со физичко присуство во основните и средните училишта од први септември, за што има здравствени протоколи, а училиштата ги прават последните подготовки. Ќе знаеја и дека од 1 септември започнува имплементацијата на реформите во основно образование, а учениците од прво и четврто одделение ќе учат по нови програми од нови современи учебници.

Ако барем малку беа заинтересирани за образованието, наместо за лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ ќе знаеја и дека образовниот систем е подготвен за настава во услови на пандемија уште во јули со три сценарија, кои веднаш може да се применуваат според епидемиолошката состојба“, соопшти СДСМ.

Од партијата порачуваат дека ВМРО-ДПМНЕ имале можност да работат во интерес на учениците, наставниците и родителите и да ги одблокираат процесите за усвојување на низа нови законски решенија во Собранието кои се врзани со обезбедувањето на подобар квалитет на воспитно – образовниот процес во државата.

„Но тие покажуваат само деструкција на штета на образованиот систем.

Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на паушалните соопштенија кои секојдневно ги продуцира центарот за лажни вести на оваа политичка партија и да се водат по официјалните информации кои транспарентно и на дневна основа ги објавуваат надлежните институции предводени од Министерството за образование и наука“, додаваат од СДСМ.

 

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе