Реакција

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира граѓаните со празни ветувања

ВМРО-ДПМНЕ на ланските парламентарни избори во својата програма ветуваше раст на платите за 25% за еден мандат, а денес една година подоцна, ветува просечна плата од 45.000 денари, иако сите знаат дека во време на владеење на оваа партија платите беа речиси замрзнати со години, реагира СДСМ на соопштението од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и вели дека партијата ги манипулира граѓаните со празни ветувања.

„Сите податоци говорат дека со СДСМ платите растат многу побрзо. СДСМ со своите прецизно утврдени мерки за поддршка на економијата обезбеди и во време на една од најголемите здравствени и економски кризи во историјата на човештвото, просечната плата во периодот од август 2020 до мај 2021 да се зголеми е за 4,3% повеќе. Денес, просечната плата е речиси 5.000 денари повисока во однос на 2017 година.

Граѓаните знаат дека СДСМ работи посветено за зголемување на животниот стандард, за враќање на парите кај граѓаните, за раст на платите во сите сектори, и добро се сеќаваат дека ВМРО-ДПМНЕ беше против зголемување на минималната плата, против помошта да завршува кај граѓаните за време на кризата.

Граѓаните не им веруваат на истите тие луѓе кои 11 години ја држеа државата во режим, владееја со криминал и корупција, а  парите на граѓаните ги користеа за лично богатење“, пишува во реакцијата од СДСМ.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе