СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против отписот на камати и долгови, блокира сѐ што е во интерес на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со штетните политики кои значат блокирање на сите проекти и решенија коишто се во интерес на граѓаните, обвинува СДСМ во денешното соопштение.

„Уште една потврда за тоа е поднесувањето на околу 3.000 амандмани за Предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните претпријатија, за кој требаше да расправа Комисијата за финансирање и буџет, а потоа да се изнесе и на пленарна седница.

Откако со криминално работење ги заглавија општините и јавните претпријатија со огромни долгови, ВМРО-ДПМНЕ сега продолжуваат и понатаму со кочење на сите проекти кои значат рехабилитација на институциите, а сѐ единствено во интерес на граѓаните“, пишува во соопштението.

Од партијата додаваат дека кадрите на ВМРО-ДПМНЕ долги години деструктивно раководеле со институциите и таложеле долгови, а сега се против предлогот на владејачката партија за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица.

Според предлогот, јавните претпријатија ќе имаат обврска да ги отпишат долговите на граѓаните, а државата обезбедува мерки кои ќе гарантираат развој и ефикасно функционирање на јавните претпријатија.   

„Овие две мерки се тесно поврзани и се во интерес на сите граѓани на нашата држава.

И овие мерки ќе значат нов почеток за сите, после систематското уништување на државата во периодот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2017 година“, соопштува СДСМ и ги повикува пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат, како што велат, да го штитат криминалот во нивните редови, да престанат да работат и да се однесуваат само за тесно партиски интереси и да ги повлечат илјадниците амандмани со кои сакаат да ги блокираат мерките што се во интерес на граѓаните.

 

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе