СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е очајна и штанца лаги, дезинформации

Очајната ВМРО-ДПМНЕ ја прими пораката од над 15.000 граѓани вчера и затоа е во паника, шири лажни вести преку човек кој изгубил на суд за изречена клевета. Прес конференцијата на Александар Николовски е уште еден доказ за очајот од поразот на извршителот Христијан Мицкоски кој не успеа да го одбрани криминалот на Никола Груевски, се вели во реакцијата на СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ ја доби пораката од граѓаните кои се заложија за правда и одговорност за криминалите и затоа се во паника. Знаат во белиот дворец што ги чека, одговорност за нивниот криминал, за сето зло што го направија и нов пораз. Силен пораз, не на 12 април, уште денеска во ВМРО-ДПМНЕ знаат дека се веќе готови и ќе одговараат, тоа е комбинацијата којашто ги толчи. СДСМ работи, а ВМРО-ДПМНЕ шири лаги.

СДСМ носи закони за граѓаните, покачува плати, пензии, социјална помош, носи правда, членство во НАТО, на чекор сме до ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ е очајна и штанца лаги, дезинформации и конструкции, прво преку нивните медиуми а после и на прес конференции, кои немаат врска со реалноста, но со најниски напади, на семејството на претседателот Заев. Затоа и го праќаат на прес-конференција Николовски, кој веќе изгуби на суд за изречена клевета.

Не ВМРО-ДПМНЕ, ние бараме сѐ што повикуваат веднаш да се објави јавно и транспарентно. Да ги видат граѓаните и уште еднаш пред целата јавност да се потврдат лагите на оваа очајна партија. Следува одговорност за сите што направиле зло, како и за оној ваш бегалец од Будимпешта, заради сите граѓани на Северна Македонија на кои им уништивте, им одземавте 11 години од нивните животи“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе