Реакција

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да се извини за невистините са М-НАВ

Христијан Мицкоски и Иванка Василевска мора да се извинат до целата јавност за лагите што бесрамно ги шират со денови. Лагата на ВМРО-ДПМНЕ за јавната набавка во М-НАВ е целосно разобличена. Откако се потврди дека јавната набавка за М-НАВ е реализирана за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, од страна на таткото на министерот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да се извинат за изнесените невистини, се вели во реакцијата на СДСМ по денешната изјава на Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ. Белиот дворец останува симбол на лагите и деструкција, Мицкоски останува главен извор на лажни информации и невистини“, соопшти СДСМ.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе