СДСМ: Владините економски мерки им помагаат на работниците, занаетчиите, но и на оние кои останале без работа

Со цел побрзо и полесно пребродување на здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, Владата презема ефикасни, функционални и навремени мерки, коишто значат поддршка за работниците, за компаниите, за секој човек, соопштува СДСМ.

„Покрај мерката за обезбедување на нето плата, односно финаниска помош од 14.500 денари за секој вработен за месеците април и мај, на работодавачите како алтернатива им се нуди да ја изберат и поддршката за субвенционирање на 50 отсто од придонесите за месеците април, мај и јуни.
Еден од условите за користење на оваа мерка е на компаниите кои сакаат да аплицираат приходите да им бидат намалени за најмалку 30% споредбено со просекот за 2019 година, бројот на вработени за месеците април, мај и јуни 2020 година да не биде помал од бројот на вработени со состојба на 31.03.2020 година, како и да не исплатува дивиденди и бонуси од денот на објавување на Уредбата до денот на поднесување на годишна сметка за 2020 година“, се вели во соопштението.
Од СДСМ потсетуваат дека мерките подеднакво важат и за занаетчиите. Лице кое врши занаетчиска дејност и е барател на финансиска поддршка треба да поднесе Барање за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства до Управата за јавни приходи.
„Граѓаните кои се материјално необезбедени, невработени, за користење на мерката со која се предвидува 7.000 денари, потребно е во месно надлежниот Центар за социјална заштита да поднесат Барање за право за добивање на гарантирана минимална помош, како и за друго право доколку им следува согласно Законот за социјална заштита и Законот за заштита на децата“, велат од партијата.
СДСМ апелира и охрабрува да се искористат владините мерки кои помагаат на сите работодавачи, работници и граѓани погодени од коронавирусот.  

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе