СДСМ: Владата го реши проблемот со парното во Скопје, а не градоначалничката Арсовска

Додека градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска ги игнорираше барањата на скопјани да се реши проблемот со парното, Владата предводена од СДСМ презеде низа одговорни чекори за надминување на кризата со топлинската енергија, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„Со прогласувањето на кризната состојба се преземаа мерки за непречено снабдување со топлинска и електрична енергија и заштита на економскиот стандард на граѓаните.
Согласно владината одлука,  АД ЕСМ од 21 јануари да го преземе управувањето со БЕГ и Скопје Север се до крајот на грејната сезона, со што се решава проблемот со парното затоплување во Скопје, а скопјани добиваат дополнителни три часа греење до еден часот по полноќ.
Владата преку ЕСМ ќе го стабилизира  пазарот на топлинска енергија, откако во решавањето на проблемот не партиципираа Град Скопје и општините.
АД ЕСМ во моментот ги покрива 100 % од потребите на универзалниот снабдувач со електрична енергија кој ги снабдува домаќинствата и малите потрошувачи на регулираниот пазар.
Владата, институциите предводени од СДСМ се целосно посветени на  справувањето со енергетската криза. Буџетот за 2022 предвидува ставки за да се излезе во пресрет и во случај ако има дополнителна здравствена и економска енергетска криза.
Очигледна е разликата меѓу одговорното управување со институциите од страна на СДСМ и неработењето на Арсовска и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ“, соопшти СДСМ. 

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе