СДСМ: Владата го реши проблемот со парното во Скопје, а не градоначалничката Арсовска

„Со прогласувањето на кризната состојба се преземаа мерки за непречено снабдување со топлинска и електрична енергија и заштита на економскиот стандард на граѓаните.
Согласно владината одлука, АД ЕСМ од 21 јануари да го преземе управувањето со БЕГ и Скопје Север се до крајот на грејната сезона, со што се решава проблемот со парното затоплување во Скопје, а скопјани добиваат дополнителни три часа греење до еден часот по полноќ.
Владата преку ЕСМ ќе го стабилизира пазарот на топлинска енергија, откако во решавањето на проблемот не партиципираа Град Скопје и општините.
АД ЕСМ во моментот ги покрива 100 % од потребите на универзалниот снабдувач со електрична енергија кој ги снабдува домаќинствата и малите потрошувачи на регулираниот пазар.
Владата, институциите предводени од СДСМ се целосно посветени на справувањето со енергетската криза. Буџетот за 2022 предвидува ставки за да се излезе во пресрет и во случај ако има дополнителна здравствена и економска енергетска криза.
Очигледна е разликата меѓу одговорното управување со институциите од страна на СДСМ и неработењето на Арсовска и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ“, соопшти СДСМ.
Соопштенија
Објавено на
20 Јануари 2022 - 08:33