СДСМ: Владата донесе сериозни економски мерки

Владата на Република Северна Македонија го донесе вториот пакет економски мерки кои имаат за цел побрзо и поефикасно справување со економските последици од коронавирусот. Преземени се сериозни чекори кои значат зачувување на работните места за сите погодени од кризата со коронавирусот, мерки што значат гарантиран приход кај секој работник додека трае кризата, се вели во соопштението на СДСМ по повод владините мерки.

„Ова мерки се вредни 200 милиони евра, мерки на солидарност, на меѓусебно помагање во тешки ситуации, мерки за помош на секое семејство, мерки за помали трошоци на секое домаќинство додека трае кризата.

Денес, сите поединци, целото нашето општество, нашата економија, сите се ставени пред важен тест кој ќе го положиме само ако сме солидарни, ако си помагаме еден на друг.

Само така ќе излеземе победници од овој здравствен и економски предизвик. Сите сме заедно во оваа криза и само заедно ќе излеземе од неа. Заедно ќе ги пребродиме последиците, а потоа заедно ќе продолжиме кон развојот и напредокот.

Најбитно е да се обезбеди и зачува здравјето на секој граѓанин, да се надмине здравствената криза, но важно е истовремено да се работи и на надминување на негативните економски последици за да продолжи економскиот раст и развој“, соопшти СДСМ.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе