Реакција

СДСМ: Вистинското прашање е кога Мицкоски ќе поднесе оставка

Додека СДСМ покажува дека ги слуша пораките и се менува во корист на државата и граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ си тера по старата матрица на деструктивно однесување спротивно на интересите на граѓаните, реагира СДСМ на изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, Илија Димовски и Антонијо Милошоски, кои се обвинети за сериозни кривични дела, наместо да поднесат оставки, продолжуваат со деструкција и одбрана на криминалот.

Одговорноста, моралните вредности и демократските принципи остануваат непозната категорија за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски”, соопшти СДСМ.

Од партијата додаваат дека по убедливиот пораз на претседателските и поразот на локалните избори во Охрид и Ново Село, вистинското прашање е кога Мицкоски ќе си поднесе оставка од чело на партијата која ги загуби и претседателските и вонредните локални избори.

„ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за демократија се додека делува по инструкции од Будимпешта. Мицкоски нема кредибилитет да зборува за одговорност се додека има пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети за сериозни кривични дела а не си поднесуваат оставки”, се вели во соопштението. 

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе