Реакција

СДСМ: Весела математика на Мицкоски

Нервозниот Христијан Мицкоски се изгуби во сопствените математики во очаен обид да го оправда поразот и ниската доверба во првиот круг од изборите на неговата кандидатка Гордана Сиљановска, реагира СДСМ на изјавите на Мицкоски на ТВ24

„Факт е дека Гордана Сиљановска освои помалку гласови и загуби од Стево Пендаровски во првиот круг од претседателските избори, се друго е весела математика на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Математички прецизно, ВМРО-ДПМНЕ со Сиљановска има 130.000 гласови помалку отколку во првиот круг од претседателски избори во 2014 година.

Со тоа, се докажува дека граѓаните не сакаат нов Иванов, не го поддржуваат концептот на Сиљановска и Мицкоски  кој се закануваат да ја вратат државата назад во темното минато на режим, криминал, изолација и неказнивост”, се вели во реакцијата од СДСМ.

Според партијата, предноста на Пендаровски во првиот круг и волјата на мнозинството граѓани се потврда за победа на концептот за напредок во вториот круг со многу поголема разлика. 

„Мицкоски и Сиљановска нека се подготват за пораз”, порачуваат од СДСМ.

 

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе

Суштинското синдикално организирање е во постојан пад, а за многу од работниците дури и слободниот викенд, како една од основните историски придобивки, е недостижна желба.

повеќе