СДСМ усвои Декларација за борба против криминалот и корупцијата

Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, поддржан од пратениците, министрите, замениците министри, градоначалниците, Социјалдемократската младина и Форумот на жени, тргнувајќи од интересите на граѓаните и заложбата за воспоставување на владеење на правото и остварување на националните интереси за членство во ЕУ и НАТО синоќа донесе Декларација за бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата.

„Свесни за значењето на владеењето на правото и правната држава, свесни дека криминалот и корупцијата претставуваат огромна закана за владеењето на правото, демократијата, човековите права и правдата и закана за економскиот развој и функционирањето на пазарната економија, свесни за штетните последици од корупцијата врз поединци, правни лица и државните институции,

Се обврзуваме на наша целосна посветеност: на јакнење на институциите и системот на државата, на борбата против криминалот и криминалците, на почитување на интегритетот во извршувањето на функциите, на транспарентно, отчетно и одговорно работење. Даваме целосна поддршка на институциите на државата за бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата и потврдуваме дека наша цел секогаш била и останува владеење на правото, правда за сите, правичност и доследно почитување на човековите права“, се вели во Ддекларацијата.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе