Реакција

СДСМ: Уште еден пораз на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ пак покажа дека знае само за деструкција

Денеска, на помалку од два месеци од изборите, Христијан Мицкоски доживеа уште еден пораз од граѓаните. Со денешниот дебакл од протест, Мицкоски уште еднаш ја потврди титулата губитник затоа што освен стотина негови приврзаници, сите останати му го свртеа грбот, се вели во реакцијата на СДСМ на денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа е очекувано, затоа што Мицкоски одамна е прочитан од граѓаните. Јавноста знае дека тој освен одбрана на криминалот во неговата партија и освен личните бизнис интереси не го интересира ништо друго. Лицемерно е човекот кој беше вклучен во стопроцентно зголемување на електричната енергија, кој беше одговорен за укинување на евтината тарифа на струјата и човекот кој доби бизнис со хидроцентрали од владата во кој бил советник, денеска да глуми загриженост за цената на струјата.

Тоа граѓаните совршено го знаат, затоа денешниот протест најавен како протест против цената на струјата се претвори во дебакл на обидот на Мицкоски да си ја задржи фотелјата во белиот дворец. Денеска уште еднаш се потврди дека на Мицкоски најбитно му е столчето во партијата и затоа ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивно и неодговорно однесување, на штета на граѓаните, на државата и нејзината европска иднина. Со такво однесување, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште долго остануваат во опозиција“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе