СДСМ: ТВ соочувања со Заев имало и ќе има, Мицкоски допрва ќе се поти пред камерите

ТВ соочувања со претседателот Зоран Заев имало и ќе има, а извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски секогаш поразен завршувал. Допрва извршителот Мицкоски ќе се поти пред камерите, пред граѓаните. Не успеа да го одбрани криминалот на неговиот шеф, Никола Груевски, не успеа неговиот обид да ја спречи правдата, не успеа да го попречи членството во НАТО и ЕУ, реагира СДСМ на ставовите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Извршителот Мицкоски е очаен губитник, покорен од сите негови порази. Од друга страна се сите успеси на државата благодарение на Зоран Заев и СДСМ во изминатите 2,5 години. Од ‘заробена држава‘ за само 2,5 години станавме светол пример во регионот, 30-та земја членка на НАТО, слободна, демократска, економски напредна држава.

Економијата од -1.8 во времето на ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ порасна и до +4%, платите се зголемија во сите сектори, минималната плата ја покачивме за 60%, пензиите за 700 денари, социјалната помош за 300%, отворивме 60 илјади нови работни места а невработеноста ја намаливме на историски најниски 17%.  

Претседателот Заев и сите претставници на СДСМ во изминативе две и пол години покажаа дека се транспарентни, отчетни и подготвени за дебата, како со политичките противници, така и со стручната јавност, новинарите. Тоа беше незамисливо за време на 11 годишниот режим на ВМРО-ДПМНЕ во кој Мицкоски беше најнеуспешен директор на ЕСМ кој ја поскапе струјата за 100%“, пишува во партиската реакција на СДСМ.

 

 

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе