СДСМ: Трипуновски е остаток од режимот на Груевски, ВМРО-ДПМНЕ ќе загуби на 12 април

И во новата 2020 година, ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски. Опозициската партија останува верна на режимот, целосно раководена од Будимпешта. Последен доказ за тоа е назначувањето на Цветан Трипуновски за дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, кој е кадар на Никола Груевски и остаток на режимот, се вели во реакцијата на СДСМ.

Цветан Трипуновски

„Со години Трипуновски беше дел и ги поддржуваше погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ во земјоделството, преку кои беше погазуван трудот на земјоделците.

И по заминувањето од власт на ВМРО-ДПМНЕ, Трипуновски продолжи надвор од законот да манипилира со земјоделците, за што му беше доделен отказ од позицијата државен советник во МЗШВ.

Кадарот на Груевски, Цветан Трипуновски беше меѓу главните организатори на партиските собири на ВМРО-ДПМНЕ кои лажно беа претставувани како протест на незадоволни земјоделци, иако на нив недостасуваа вистински земјоделци, а присуствуваа само членови и активисти на опозициската партија.

Против Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ има и кривична пријава за злоупотреба на службената должност со што го оштетил министерството за 117.000 евра.

Трипуновски е олицетворение на режимската матрица во ВМРО-ДПМНЕ и доказ дека во оваа партија ништо не се менува. Тоа е истата матрица на Груевски, матрица која не носи ништо добро за граѓаните, а нуди само деструкција, блокади, лажни вести и обнова на режимот.

Со таквата понуда, ВМРО-ДПМНЕ ќе се соочи со извесен пораз на изборите на 12 април. Граѓаните нема да дозволат режим никогаш повеќе“, се вели во соопштението на СДСМ.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе