Реакција

СДСМ: Токму ВМРО-ДПМНЕ е симбол за криминал и корупција

Токму ВМРО-ДПМНЕ е симбол за криминал, корупција, нечесност и неспособност, за што говорат бројни судски предмети, реагира СДСМ на прес-конференцијата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

„Историскиот грабеж на режимот на Никола Груевски граѓаните многу добро го знаат затоа што многу скапо ги чинеше. Дополнително, тоа го потврдуваат бројните судски предмети кои во моментов се водат против поранешни високи функционери на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, но и за сегашни актуелни пратеници од оваа криминална партија.

Дали е тоа предметот за Игор Јанушев за штета врз буџетот од 5 милиони евра, дали е тоа предметот за Антонио Милошоски, или предметите за осудениот криминалец Никола Груевски, дали се тоа предметите за Орце Камчев, Сашо Мијалков, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска.... Сѐ е тоа дел од криминалната матрица на ВМРО-ДПМНЕ. 

Затоа Мицкоски и самиот се декларираше дека е на ‘браникот на криминалот‘, кога се обидуваше да го спаси криминалот на режимот од одговорност, но не успеа.

Дури и самиот бел дворец од којшто Николоски секојдневно шири невистини е дел од судска постапка во случајот Талир“, пишува во соопштението од СДСМ.

Од партијата прашуваат колку треба човек да биде без чувство за срам, да зборува за корупција и уназадување на слободи, а тој самиот е синоним за корупција, аѓутант на бегалецот од Будимпешта, слуга на режимот.

„Александар Николоски, со висока партиска и државна позиција во времето на Никола Груевски, функционер во време на историската кражба на народот, најмалку може да зборува на тема корупција, криминал и слободи“, додаваат од партијата.

 

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе