Реакција

СДСМ: Тендерот што го доби невенчаниот сопруг на министерката Царовска е законски

Град Скопје официјално ги демнатираше лагите на ВМРО-ДПМНЕ. Според официјалните информации, соработката со посочената компанија е остварена законски.На јавен повик за јавна набавка на кој можат да учествуваат сите компании кои ги исполнуваат условите, избрана е посочената компанија како најсоодветна, регуларно и низ сите законски прописи, се вели во реакцијата на СДСМ на денешната изјава на Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ втор ден лаже и измислува непостоечки случаи, договорените тендери се одлика на нивното криминално владеење Втор ден ВМРО-ДПМНЕ продолжува со очајно ширење лаги и измислување на непостоечки случаи со кои се обидува да ја манипулира јавноста. Договорените тендери се одлика на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ партијата која не нуди ништо освен лаги, измислици и непостоечки случаи.

ВМРО-ДПМНЕ заборава дека истата компанија соработувала со град Скопје и во минатото, во време кога градоначалник е Коце Трајановски. Тој факт дополнително ги побива лажните вести на опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ веќе не може преку  лаги и невистини не може да ги манипулира јавноста и граѓаните, никој повеќе не верува во нивните измислици“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе