СДСМ: Сведочењето на Рустеми е доказ дека Законот за јавно обвинителство мора да се донесе

Денешното сведочење на обвинителот Бурим Рустеми за случајот во јавноста познат како Рекет е доказ дека на сите во нашата земја им е потребна правда под итно, соопшти СДСМ.

„Само на ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски носењето на законот им било многу брзо. Правдата веќе не може и не смее да го чека ВМРО-ДПМНЕ. Политиката мора да остане надвор од изборот на обвинителите за да им се остави простор за независно, стручно и објективно постапување, а тоа ќе се постигне само ако се донесе законот.
Токму носењето на Законот за јавно обвинителство овозможува сите предмети на СЈО, но и сите останати случаи, да имаат професионална и објективна завршница, затоа што само така ќе се врати довербата на граѓаните во правосудниот систем.
Додека, сите демократски капацитети во државата и нашите стратешки меѓународни сојузници го поддржуваат законското решение за ЈО, само осаменото ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде кочничар како и за се друго што е во интерес на државата и граѓаните.
Затоа на 12 април граѓаните ќе ги поддржат политиките на СДСМ, насочени кон владеење на правото и градење на правната држава“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе