СДСМ: И годинава субвенции за сончеви колектори, за ПВЦ или алуминиумски прозорци, за печки на пелети…

Силна, бескомпромисна борба за заштита на животната средина и засилен ангажман во акцијата за чиста и здрава животна средна, е еден од нашите приоритети, преточени во стратешката рамка на Владата „Акција 21“, соопшти денеска СДСМ.

„Во рамките на заложбите за заштита на животната средина и обезбедување на чист воздух за сите, и годинава продолжуваат субвенциите за набавка на еколошки и енергетско ефикасни системи за загревање. Субвенции ќе се доделуваат за купување и вградување на сончеви термални колекторски системи, за ПВЦ или алуминиумски прозорци, како и за печки на пелети во домаќинствата.

За надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30%, но не повеќе од 10.000 денари по домаќинство за 2021 година, се предвидени средства во вкупен износ од 6.000.000 денари.

За лицата со ниски приходи ќе се надоместува дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи до 70%, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство за 2021 година, за што се предвидени 2.000.000 денари.

Ќе се надоместуваат дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 19.000.000 денари;

До 70%, односно до 25.000 денари по домаќинство ќе се надомести дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата со ниски примања, во вкупен износ од 3.000.000 денари.

Субвенцијата во 2021 година за купување и вградување на печки на пелети во домаќинствата изнесува до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство, а за лицата со ниски примања до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство.

Остануваме силно посветени на заштита на животната средина но и на намалување на трошоците на домаќинствата и истовремено зголемување на енергетската ефикасност“, соопшти СДСМ.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе