СДСМ: Странските инвестиции во ТИРЗ носат нови работни места и повисоки плати

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев во континуитет презема успешни мерки и политики што даваат позитивни економски резултати, се вели во денешното соопштение на СДСМ:

„Бележиме сериозно зголемување на економската активност во Технолошко индустриските зони. Официјалните податоци говорат дека за период од една година за осум отсто е зголемен бројот на работните места во ТИРЗ-овие. Раст од 56 отсто е забележан на извозот во ТИРЗ во првите седум месеци, односно достигна 1 милијарда и 700 илјади евра. Годинава во ТИРЗ се склучени договори со вкупен обем на инвестиции од над 120 милиони евра кои во наредниот период треба да донесат 1.970 нови работни места, над 2 милијарди приходи, а само овие компании треба да уплатат над 70 милиони евра за придонеси и данок на добивка. Само инвестицијата на компанијата „Алмак-Дура Екстружн“ во Технолошко-индустриската развојна зона – Скопје 2 е во вредност од 30 милиони евра.

Сето ова влијае на отворање на нови работни места кои позитивно влијаат врз растот на просечната плата, но и на намалување на степенот на невработеност. Просечната плата во јуни годинава изнесува 28.724, што е за 7 отсто, односно за над 1.800 денари повеќе во однос на јуни 2020 година. Стапката на невработеност е на историски најниско ниво со тенденција за дополнително намалување. Како одговорна партија продолжуваме да градиме силна, развојна и динамична економија која носи шанса за сите“, соопшти СДСМ.

 

Со почит,

 

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе