„Само со доследно почитување на мерките и задложенијата, заедно можеме да се избориме со коронавирусот и да го заштитме јавното здравје, затоа е важно сите да покажеме одговорност пред сопственото и пред здравјето на другите“, соопшти СДСМ.
Од партијата потсетуваат дека важат и претходно донесените мерки за носење заштитна маска, шал или марама во јавен превоз, како и места каде што може да се соберат повеќе лица во исто време, во државни институции, маркети, банки, држење дистанца и редовна дезинфекција и миење на рацете, како и почитување на ковид протоколите.