СДСМ: Стабилна нова влада за четиригодишен мандат

Во тек се сериозни разговори за обезбедување стабилно парламентарно мнозинство и кадри посветени на остварување на принципите на кои ќе функционира новата влада, владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат, соопшти СДСМ.

„Новата влада ќе работи на уште поголема грижа за сите, на јакнење на економскиот стандард, на прочистување на правосудството и обезбедување силна правна држава и владеење на правото.

Новото парламентарно мнозинство ќе обезбеди стабилна Влада која движи брзо напред по европскиот пат, Влада посветена на економијата, правдата и борбата со ковид-19. Влада која ги отвора преговорите за членство со Европската Унија и Влада која со секое ново отворено поглавје од преговорите ќе воведува нови европски стандарди за подобар живот.

Како одговорна партија СДСМ води разговори за пронаоѓање на одговорни кадровски решенија кои се способни посветено и одговорно да работат на остварување на овие принципи кои се во интерес на граѓаните и државата“, се вели во соопштението на СДСМ.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе