СДСМ: Срамна и антидржавна изјава на Мицкоски дека „Макрон бил во право кога нѐ блокирал“

Целиот европски демократски свет призна дека ЕУ направи историска грешка со тоа што Република Северна Македонија не доби датум за отпочнување на преговори. И додека сите светски лидери потенцираа дека нашата држава испорача сѐ што требаше да направи и спроведе реформи за да добие датум за преговори, Христијан Мицкоски во интервју за весникот Вечерњи лист испраќа порака дека „Макрон бил во право кога нѐ блокирал“, соопштува СДСМ.

„Тоа е срамна и антидржавна изјава на Мицкоски. Тоа е понудата на Мицкоски за обнова на режим и враќање назад во темно минато, изолација, сиромаштија и неизвесна иднина. Со таква понуда на обнова на режим, криминал и враќање назад, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да се надеваат само на убедлив пораз на 12-ти април“, .

 

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе