СДСМ: Социјалните работници добиваат повисоки плати за над 4.300 денари

Владата продолжува со реализација на реформите со кои се унапредува социјалната заштита и условите за работа на стручниот кадар, се пофали СДСМ во денешното соопштение.

„Покрај растот на платите на вработените во градинките за 16 отсто, односно за над 3.000 денари, растат и платите на социјалните работници и останатите даватели на услуги во секторот социјална заштита.

Почнувајќи од јунската плата во секторот социјална заштита платите се зголемуваат во просек за 22 отсто, односно за 4.367 денари во нето износ во пресек по вработен. Со ова зголемување, самостоен стручен работник зема за 4.316 денари повисока плата, односно нето платата расте од 23.196 на 27.512 денари.

Зголемувањето на платите се прави согласно Законот за вработените во јавниот сектор и со него се опфатени 1.170 од вкупно 1.531 вработени, односно 76,5 отсто.

Покрај  ова зголемување на платите, следува уште едно во месец септември во висина од 5 отсто, со што вработените во секторот социјална заштита оваа година ќе имаат за 27 отсто повисоки плати“, пишува во соопштението од СДСМ.

 

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе