СДСМ: Собранието повторно усвои закони во интерес на државата и нејзините граѓани

Собранието на Република Северна Македонија повторно ги изгласа законите што се во интерес на државата и граѓаните, а кои беа намерно блокирани од Ѓорге Иванов, кочничарот на реформскиот процес. Станува збор за исклучително важни закони, чие донесување граѓаните го бараа и го очекуваа и кои се важен чекор и услов за нашите евроинтеграциски процеси, соопшти СДСМ.

„Со Законот за прекинување на бременоста, се исправа долгодишна неправда кон жените и  овозможува жената сама да одлучува за своето репродуктивно здравје. Со него не само што се враќа правото на жената на самостојна одлука, туку и се обезбедува безбеден абортус, што не беше случај во минатото. Усвоените закони за Судски совет, за управните спорови и за судови се дел од реформите во судството кои се нужни, откако ВМРО-ДПМНЕ буквално го сруши судскиот систем. Освен зајакнување на правосудниот систем со овие закони се постигнува напредок во реформскиот процес, важен за евроинтегративниот процес на државата. Овие закони се само дел од реформите што ќе следуваат во наредниот период“, соопшти СДСМ.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе