СДСМ: Со зголемувањето на платите во културата се исправа уште една неправда

Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа и обезбедување повисоки плати за сите граѓани, се пофали СДСМ во денешното соопштение.

„Со одлука на Владата за нивелација на платите на вработените во институциите од областа на културата, 2.899 лица вработени во културата ќе имаат зголемени плати, почнувајќи од платата за април 2019 година.

Со нивелацијата на платите се опфатени сите вработени во културата, односно вработените во националните установи и вработените во локалните установи од областа на културата, што значи дека дури околу 80 отсто од вработените од областа на културата ќе имаат повисоки плати“, се вели во партиското соопштение.

Со ова, според партијата, се исправа долгогодишна неправда кон вработените во одредени институции кои добиваат различни плати за исти работни места со исти работни обврски.

„Трендот на раст на платите продолжува, Владата предводена од СДСМ останува посветена на подигање на стандардот во културата и обезбедување повисоки плати и повеќе пари во секое семејство“, се додава во соопштението.

 

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе