СДСМ: Со учество во проектот „Александруполи“ се обезбедува македонската енергетска иднина

Со потпишаниот Меморандум за соработка на АД ЕСМ и АД Национални енергетски ресурси со компании од Република Грција, Македонија ќе учествува во проектот за изградба на терминал за течен природен гас на 17 километри од Александруполи за складирање и гасификација на течниот природен гас, со капацитет од над 5,5 милијарди кубни метри.

Согласно договорот, нашата држава учествува со 25 отсто во гасната централа на природен гас во „Александруполи“ која е 800 мегавати, а проценетата инвестиција во оваа електрана е повеќе од 380 милиони евра. Предвидено е да учествуваме и со 10 проценти од вкупната вредност од 370 милиони евра во инвестицијата во гасниот терминал.

Како што соопшти СДСМ, до 2023 година е планирано да бидат ставени во употреба и гасниот терминал и гасната станица. Од партијата додаваат дека благодарение на овој реален капитален проект власта предводена од СДСМ создава можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас за нашата земја, од каде гасот понатаму ќе се дистрибуира во регионот.  

Природниот гас е исклучително корисно гориво бидејќи неговата употреба има широк опсег, и тоа во домаќинствата, во индустријата и сообраќајот, но и за производство на електрична енергија и топлина, а гасификацијата е важен сегмент за одржување на економската стабилност, и за граѓаните и за компаниите, како и за животната средина.

 


Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе