СДСМ: Со петтиот пакет економски мерки со 160 милиони евра ќе се поддржат граѓаните, работниците и компаниите

Започнува реализацијата на петтиот пакет економски мерки, креиран од Владата предводена од СДСМ, наменет за граѓаните, за подобрување на ликвидноста на стопанството, за стабилна и развојна македонска економија, кој треба да ги врати стапките на раст меѓу 4 и 5%, како во времето пред пандемијата, пишува СДСМ во денешното соопштение.

„Петтиот пакет мерки, донесен низ инклузивен пристап со сите засегнати страни, содржи 29 мерки, во вредност од 160 милиони евра. Мерките се распределени во 4 главни столбови и тоа:

Директна финансиска поддршка за компаниите за да се задржат работните места во секторите туризам, занаетчиство, угостителство, транспорт, индустрија за организација на настани.

Финансиска поддршка за ликвидноста на приватниот сектор преку бескаматни кредити за задржување и зголемување на бројот на работници.

Креирање поповолно деловно опкружување со системско редефинирање на царинскиот тарифник, намалување на пара-фискалните давачки, даночно олеснување и одложување кај неколку јавни давачки.

И четвртиот столб предвидува директна поддршка за граѓаните“, се наведува во соопштението.

Според партијата, овие мерки ќе ја раздвижат економијата, но и ќе ги сочуваат работните места. За финансиска поддршка на плати за вработените се наменети 1 милијарда и 920 милиони денари со опфат од околу 60.000 работници месечно.

„Од почетокот на пандемијата владата креираше и реализираше четири пакети навремени и таргетирани економски мерки, со кои 1,2 милијарди евра завршија кај граѓаните и кај компаниите, погодени со кризата“, додаваат од СДСМ.

 

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе