СДСМ: Со новата социјална реформа детски додаток ќе користат 73.500 деца наместо досегашните 3.000

Владејачкиот СДСМ преку соопштение се пофали дека парламентарното мнозинство го изгласа пакетот на закони со кои се заокружува социјалната реформа која има за цел трајно да извлекува од сиромаштија.

„Со социјалната реформа пристапот до детскиот и образовниот додаток се зголемува за 20 пати повеќе деца. Детскиот додаток кој досега го користеа 3.200 деца сега ќе го користат 73.500 деца, додека пристап до образовниот додаток отсега ќе имаат 64.136 деца, наместо 3.800 деца како досега.

Со ова опфатот на деца кои ќе добиваат детски и образовен додаток се зголемува за 20 пати. Оваа мерка има за цел извлекување од детска сиромаштија“, пишува во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека паричната помош за семејствата од ранливите категории се зголемува и до 300 отсто, а првите исплати на зголемената парична помош се очекуваат веќе од идниот месец.

„Со трите закони, за социјална и детска заштита и социјална сигурност на стари лица се прави целосна преобразба на досегашниот систем за социјална заштита, конечно се воведува социјална правда што е основата на секое здраво и напредно општество“, се додава во соопштението на СДСМ.

 

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе