СДСМ: Со намалување на субвенциите за инвертори Арсовска не може да се бори против загадувањето

Ветувањата на Данела Арсовска дека ќе се заложи за борба против загадувањето и заштита на животната средина сега се сведени на лажни предизборни ветувања, соопшти СДСМ.

„Арсовска крати буџетски средства за животна средина, поништува еколошки проекти и најавува популистички мерки.
 
Освен што за три пати ги намали парите за Секторот за животна средина, Арсовска ги намали и средствата за субвенционирање на трошоците за набавка на инвертори. 
 
За шест пати се намалени субвенциите за инвертори кон скопјани за следната година, односно на само 24 милиони денари. Мерката за субвенционирањето на набавка на инвертори досега беше искористено од околу 5.000 домаќинства во Скопје, а тоа се 5.000 помалку оџаци кои го загадуваат воздухот. 
 
Ваквиот пристап на Арсовска не може да обезбеди решение против аерозагадувањето. Арсовска мора конечно да почне да работи, особено на она што им го вети на скопјани, а добрите проекти и еколошки мерки на Петре Шилегов да ги продолжи а не да ги девалвира и укинува“, соопшти СДСМ.
 

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе