СДСМ: Следува вакцинацијата како последната фаза од борбата против коронавирусот

 Состојбата со пандемијата со коронавирусот во државата се стабилизира, бројот на новорегистрирани случаи и на починати е намален, расте бројот на оздравени. Бројот на хоспитализирани пациенти во државата е намален двојно, со што значително се  намалува притисокот врз здравствениот систем и медицинскиот персонал, се вели во соопштението на СДСМ.

„Стабилизирањето на состојбата е благодарение на почитувањето на мерките од страна на мнозинството граѓани и засилените инспекциски контроли. Ова се позитивни трендови, но сепак не смееме да се опуштиме. Напротив, сите треба, како и досега, да продолжиме доследно да ги почитуваме мерките за заштита од коронавирусот.

Следува вакцинацијата како последната фаза од борбата против коронавирусот. Многу брзо ги очекуваме првите 8.000 вакцини, од компанијата Фајзер, кои се обезбедени со помош на соседна Србија. Дополнително, во текот на следниот месец пристигаат и нови дози од вакцините така што наскоро може да започне имунизацијата.

Институциите се подготвени, следува процес на имунизација на населението, за конечна победа над пандемијата. Преку повеќе механизми, државата обезбедува вакцинација за 1,2 милиони жители на Северна Македонија, односно за околу 60-70 отсто од вкупното население.

Сега кога сме блиску до почетокот на вакцинацијата, потребно е уште малку трпение и дисциплина од секој еден од нас. Заедно, преку почитување на мерките, да го заштитиме своето и јавното здравје, за да ставиме конечен крај на пандемијата и што побрзо да се вратиме во нормалното функционирање“, соопшти СДСМ.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе