Реакција

СДСМ: Сите јавни набавки се транспарентни, ВМРО-ДПМНЕ 11 години го искористуваше здравството за местење тендери

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за здравство. Цели 11 години, опозицијата здравството го искористуваше за местење на тендери, добивање на дебели провизии и лични богатења. Поради игнорантскиот однос кон здравствените работници, пациентите и условите во болниците, ВМРО-ДПМНЕ остави тотален хаос во здравтствениот систем. Втор ден, иста лага од симболот за лажни вести – белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ, реагира СДСМ на денешната конференција за медиуми на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал официјално потврди дека сите јавни набавки на Министерството за здравство се кристално чисти и законски. Наместо да шири лаги и дезинформации, ВМРО-ДПМНЕ да се информира дека не станува збор за процес на стерилизација, туку за долгорочно инвестирање и осовремување преку пат на приватно јавно партнерство. Приватно јавното партнерство обезбедува спој на инфраструктура, искуство и финансиски можности.

ВМРО-ДПМНЕ наместо да шири лаги проблемите за своите неуспеси да ги побара кај нивната деструктивна политика, последица на груевистичката матрица која цели 11 години ги уназадуваше, осиромашуваше и иселуваше граѓаните.

Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ е провидно, граѓаните и јавноста се свесни дека опозицијата е очајна и нуди само лаги и непроверени информации“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе