СДСМ: Што финансирале фирми на Орце Камчев?

„ВМРО-ДПМНЕ соочена со убедлив и извесен пораз на претстојните парламентарни избори кулминира со нервозни соопштенија и страв дека вистината за нивниот најнов криминал ќе излезе на виделина. Молкот на опозицијата за незаконскиот долг од 400.000 евра за кампањата на Сиљаноска е гласен индикатор дека ВМРО-ДПМНЕ прикрива голем скандал, голема афера", соопшти СДСМ.

Партијата прашува што финансирале фирми на Орце Камчев, осомничен во неколку предмети на СЈО?

„Дали има врска со рекет во самата ВМРО-ДПМНЕ?Овие одговори треба да ги даде истрагата.Фактите се јасни, ВМРО-ДПМНЕ должи 400.000 евра за кампањата на Гордана Сиљановска.Тоа е спротивно на член 71 од Изборниот законик каде е наведено дека сите трошоци за кампањата исклучиво треба се покријат од средствата на таа сметка.Наместо да штанцаат нервозни соопштенија од симболот на криминал и расипништво, нивниот бел дворец, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да одговорат на јавно поставените прашања.Одговорност за оваа афера мора да има", се додава во соопштението.

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе