СДСМ: Се редат поразите на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ е разнишана, мнозинството е стабилно

Лагите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на чело со губитникот Христијан Мицкоски се разобличени. Мицкоски продолжува да реди порази, поразен е и од граѓаните, од правдата, од  демократијата, велат од СДСМ во утринско соопштение.

„Се урнаа лагите и манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ дека коалицијата предводена од СДСМ нема мнозинство во Собранието, дека Владата ќе била соборена, дека Мицкоски ќе успее да собере 62 пратеника, дека ќе имале и 65 пратеници.
Владејачкото мнозинство е стабилно и со тенденција да се зголемува во наредниот период. Од друга страна разнишано е ВМРО-ДПМНЕ кое работи против интересите на граѓаните и државата. ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена како најголемиот кочничар на реформите, мерките и политиките што се во интерес на граѓаните“, пишува во партиското соопштение.
Од СДСМ додаваат дека „пратениците од ВМРО-ДПМНЕ забораваат дека се избрани да им служат на граѓаните, а не да прават опструкции и блокади во Собранието, на штета на истите тие граѓани“.

 

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе