СДСМ: Се остварува стратешката цел, стануваме 30-та земја членка на НАТО

Самитот на НАТО во Лондон ја потврди Република Северна Македонија како 30 земја членка на Алијансата. По успешната ратификација на Протоколот за пристапување во 28 земји членки, останува уште само ратификацијата од страна на Шпаниија, по што Северна Македонија и официјално станува 30 земја членка на НАТО, соопшти денеска СДСМ.

„Тоа е реализација на една голема и важна стратешка цел, сонот на генерации граѓани се остварува, целосно е заокружена цел поставена уште од Денот на независноста на државата.   Рамо до рамо со светските лидери, во најмоќниот свтетски сојуз.

Влезот во НАТО значи трајно обезбедување на стабилноста, сигурноста и безбеденоста, но влезот во НАТО значи и можност за дополнителен економски раст, нови инвестиции, освојување нови пазари и отворање на нови и подобро платени работни места. Сето тоа значи повеќе пари за граѓаните. 

На прав пат сме, од заробена, изолирана држава денес сме партнер на регионот и демокартскиот свет, со сигурна и стабилна иднина“, соопшти СДСМ.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе