Реакција

СДСМ: Само во ВМРО-ДПМНЕ е траорно поради силната поддршка за Пендаровски

Траорна атмосфера владее единствено во ВМРО-ДПМНЕ поради силната поддршка од 30 партии од сите етнички заедници, од граѓаните и прогресивните сили за Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател на сите граѓани, реагира СДСМ на изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Мачнина се гледа на ликот на Мицкоски кој се уште зборува ‘за удари’ со истиот боксерски речник како неговиот ментор и шеф, Никола Груевски. По Ѓорге Иванов кој наскоро заминува, Христијан Мицкоски е последниот остаток од груевизмот - криминалната матрица што 11 години ги осиромашуваше граѓаните, ја пустошеше економијата, а државата ја турна во изолација и неизвесност.

Затоа, граѓаните на 21 април ќе го поразат Мицкоски и неговиот кандидат за претседател Гордана Силјановска, и ќе стават крај на остатоците од груевизмот, крај на деструктивната матрица што се обидува да ја влече државата назад”, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека за првпат во историјата, 30 партии од сите етнички заедници застанаа зад еден кандидат. Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и сите останати застанаа зад Стево Пендаровски натпартиски кандидат за претседател на сите граѓани. Од друга страна, како што велат, кандидатот на Мицкоски, Силјановска добива поддршка само од оние политички субјекти кои работат против ЕУ и НАТО.

 

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе