Реакција

СДСМ: Само ВМРО-ДПМНЕ не може да разбере дека пописот е статистичка, а не политичка операција

Само ВМРО-ДПМНЕ не може да разбере дека пописот е статистичка, а не политичка операција и затоа шири лажни информации. Пописот е неопходна статистичка операција за да може да се реализира плански развој на целото општество и тоа им е јасно на сите освен на ВМРО-ДПМНЕ, која нема никаков кредибилитет да зборува за попис, се вели во реакцијата на СДСМ на денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Цели 11 години додека беше власт ВМРО-ДПМНЕ не успеа да организира попис, а дури и оној што го почна, поради политички калкулации го прекина, а потроши над 3 милиони евра народни пари. Денес како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ лаже дека не била консултирана и дека не ѝ бил оставен простор за забелешки во однос на законите.За разлика од пропаднатиот попис во 2011, сега целокупната подготовка за организирање на пописот е професионална и транспарента, по сите меѓународни стандарди и во неа цело време е вклучен Евростат. Пописот беше најавен уште минатата година, а 2020 година е годината кога би требало да се реализира согласно меѓународните препораки.

За надминување на какви било пречки и негово успешно реализирање до крајот на месецов се спроведува и пробен попис во 13 општини. Очајните закани, лажни вести на Христијан Мицкоски за наводни редефинирања преку пописот, покажуваат дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува. Опозициската партија останува носител на деструкцијата, носител на лажните вести и манипулациите“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе