СДСМ сака избори на 21 јуни

По завршувањето на вонредната состојба, ДИК треба да ги заврши обврските и во рок од 22 дена да се одржат изборите, смета СДСМ.

„СДСМ како одговорна партија во овој важен период има три приоритети - заштита на здравјето на граѓаните, брза трансформација на економијата и функционални институции, како гарант за силна демократија.

Токму затоа предвремените парламентарни избори, кои веќе се распишани и еднаш одложени, треба да се одржат во првиот можен термин, а предизборната кампања и гласањето да бидат усогласени со заштитните протоколи, бидејќи сите параметри и официјални податоци покажуваат дека епидемијата е ставена под контрола.

Последната одлука на Уставниот суд, ја потврдува уставноста на владината уредба да се запрат предизборните активности зa распишаните избори поради коронавирусот. Тоа значи дека роковите за изборниот процес продолжуваат по завршување на вонредната состојба”, соопшти СДСМ.

Оттаму додаваат дека, како што велат, „пропаднатиот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат функционално Собрание, не сакаат институции со полн легитимитет. Тие се против заживување на економијата, против здравјето на граѓаните да биде обезбедено и не сакаат државата да оди напред”.

 

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе