Реакција

СДСМ: Режимските портали штанцаат фабрикувани случаи на ВМРО-ДПМНЕ, изборите во 2014 ги украде Груевски

Нова исчадена петарда на режимските портали кои штанцаат фабрикувани случаи на ВМРО-ДПМНЕ, токму Груевски ги украде изборите во 2014, е реакцијата на СДСМ на пишувањата на Ла верита.  

„Нова исчадена петарда од режимските портали. Безидејната ВМРО-ДПМНЕ, партијата олицетворение на лаги, измислици и монтирани случаи нема што да им понуди на граѓаните, па се обидува да манипулира на најнизок начин преку наклонетите на нив портали.

ВМРО-ДПМНЕ нема ништо освен фабрикувани случаи од времето на режимот и заробената држава кога Зоран Заев им беше главна мета на измислици и монтирани случаи.

Не само што изборите во 2014 ги украде Никола Груевски, туку и обвинителството под целосна контрола на ВМРО-ДПМНЕ не презело никакви дејствија. Наводите дека Зоран Заев бил  вмешан  во изборни нерегуларности во 2014 година им паѓаат во вода. Затоа што ако е така, зошто обвинителството под контрола на ВМРО-ДПМНЕ не го процесирало, туку напротив не презело ништо.

Изборите во 2014 година се симбол на изборните кражби на ВМРО-ДПМНЕ и почеток на политичката криза која заврши со пад на Груевски и Мицковски”, пишува во реакцијата на СДСМ.

 

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе