СДСМ: Рекордна исплата на субвенциите во аграрот

Годинава исплатени се речиси 4,4 милијарди денари или над 71, 5 милиони евра финансиска поддршка за земјоделците. Досега на земјоделците, преку програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година, исплатени им се над 3,6 милијарди денари, или над 58 милиони евра, а над 730 милиони денари или речиси 12 милиони евра се исплатени преку програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година, соопшти СДСМ.

„Ова е рекордна исплата, каква што не е забележана откако постојат програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Исплатата е извршена кон сите земјоделци, без поделби и калкулации како во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Остануваат да се доисплатат остатокот од субвенции за сточарите кои во моментот се жртви на партиски интереси на опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ останува синоним за нечесен однос кон земјоделците. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, ние ги зголемивме субвенциите, редовно, навремено и неселективно ги исплаќаме, а трудот на земјоделците го цениме и вреднуваме.

Продолжуваме со инвестиции во аграрот кои значат унапредување на земјоделското производство и подобри услови за работа на сите земјоделци“, соопшти СДСМ.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе