СДСМ: Ребаланс на Буџетот за раст на платите

Политиките на СДСМ даваат резултат и во таа насока продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, раст на платите и поголема конкурентност на економијата. Со ребалансот на Буџетот за 2019 година одвојуваме повеќе пари за дополнителен раст на платите, соопштува СДСМ.

„Обезбедени се 400 милиони денари за субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување за оние претпријатија кои  платите на своите вработени ќе им ги зголемат во износ до 6.000 денари.

Како одговорна политичка партија, СДСМ останува посветена на обезбедување економски раст, стабилна и развојна економија и повеќе пари за граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе