СДСМ: Реализираме мерки и политики за подобар живот на младите

СДСМ креира и реализира мерки и политики, кои обезбедуваат просперитет за сите граѓани, пред сѐ за младите, подобрување на животниот стандард и повеќе пари во семејните буџети, се пофали СДСМ во денешното соопштение.

„Во таа насока е доделување на младински додаток од 3.000 денари за младите вработени во производството и земјоделството. Со оваа мерка се опфатени сите млади лица до 23 години, со завршено најмалку средно образование, кои се во работен однос во производствена дејност.

Покрај младинскиот додаток, дел од системот мерки кои успешно беа спроведени и реализирани е и Младинската гаранција, која опфати над 20 илјади млади лица во целата држава, од кои досега се вработени околу 6.000 лица.

Усвоен и Законот за младинско учество и младински политики, со кој за прв пат се дефинира категоријата млади во државата, се дефинираат формите на младинско учество и претставување, регистарот на форми на младинско организирање, младинското учество, политиките и сервисите за млади. Овој закон предвидува и поттикнување на волонтерство, младинска работа и активизам,  поттикнување на личен, социјален и професионален развој, како и поттикнување и градење култура на заедничка работа помеѓу младите и институциите”, се наведува во соопштението.

Како потврда од партијата го наведуваат намалувањето на стапката на невработеност кај младите на 35%, која е значително намалена во однос на 2016 година, „кога во времето на ВМРО-ДПМНЕ изнесуваше 48,2%”.

 

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе